Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец за издржување затворска казна

Денеска (16.06.2024) во 03.30 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(25) од с.Шишево. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната..

Можеби ќе ве интересира

СУДОТ МУ ИЗРЕКОЛ ЗАБРАНА, ТОЈ НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛ – Приведен 43-годишник во Куманово

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПСТВЕНАТА МАЈКА ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ – Кривична пријава против 23-годишник

ДЕСК

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

ДЕСК