23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТ

Во Грција исчезнаа уште двајца туристи

Двајца туристи, еден од САД и еден од Холандија, исчезнале додека пешачеле одделно во Грција. 59-годишниот Американец Алберт Калибет исчезнал во вторникот на островот Аморгос на пат кон селото Катапола, соопшти општина Аморгос.

Попи Деспотиди, функционер за туризам, изјави денеска за Си-ен-ен дека Калибет доаѓа во Аморгос речиси секоја година веќе десет години.

Седумдесет и четиригодишен холандски турист исчезна на островот Самос во неделата, а во тек е голема операција за пребарување и спасување, соопштија властите, а на помош се и локалните жители. Мажот отишол на планинарење во областа Маратокампос.

Константија Димоглиду, портпаролка на грчката полиција, денеска за Си-ен-ен изјави дека полицијата, пожарникарите и доброволците трагаат по двајцата мажи.

„За жал, сè уште не ги најдовме“, рече таа.

Да потсетиме, минатата недела на грчкиот остров Сими исчезна Британецот Мајкл Мозли (67) додека се шеташе на високи температури. Неговото тело било пронајдено по неколку дена. Прелиминарната истрага покажала дека тој починал од природна смрт.

Грција ја зафати силен топлотен бран кој денеска треба да го достигне својот врв, температурите се блиску до 40 Целзиусови степени. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат енергично вежбање на отворено./Извор:Makfax