Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад извршен од мечка врз овци во Гостиварско.

„Конкретно, вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар)“, соопшти ЦУК.

Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци.

Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен.

По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС Гостивар. По утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар, информираат од ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК