Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АД Мепсо со предупредување до земјоделците: внимателно да управуваат со опремата и механизацијата во близина на далекуводите

АД Мепсо ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија:

„Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците

Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси

Не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија

Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на луѓето кои се наоѓаат под трасата на далекуводот

Не палете стрништа во близина на далекувод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем“.

Дополнително апелираат спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите, под јажињата за пренос на електрична енергија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

ДЕСК

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК