24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев-Ципрас: Нашите граѓани и регионот заслужуваат подобро од маѓепсан круг на нестабилност и национализам

„Кога се сретнавме прв пат во Давос во јануари 2018 година се согласивме дека не може да продолжи како дотогаш, дека нашите луѓе и регионот заслужуваат подобро од тонење во еден маѓепсан круг на нестабилност и национализам“ пишуваат поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за „Еурактив“.

Тие додаваат дека уште од самиот старт нивна цецл не била да се преправаат дека преговараат, да не успеат и да префрлаат вина, како што правеле останатите претходно.

„Одлучивме дека нашите преговарачи нема да ја напуштат собата додека не се најде заедничко прифатливо решенија, без разлика на политичката цена која ќе ја платиме“ велат Заев и Ципрас.

Во текстот тие додаваат дека побарале од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас да ги почнат преговорите, иако очекувале силно противење од тогаш опозициските конзервативни партии на Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис.

„И покрај тоа успеавме да најдеме решение базирано на взаемно почитување на нашите национални позиции, кое постави темели за градење на стартешко партнерство меѓу двете земји и тоа беше прифатено во Европа и пошироко, како најважна и успешна дипломатска иницијатива за мир со години“ велат Заев и Ципрас.