23.8 C
Скопје
19. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот.

Највисоки температури се очекуваат денеска и утре, а се прогнозира дека во некои делови од земјата ќе достигнат и до 42 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде во копното на Грција, најмногу во централните и јужните региони, а властите предупредуваат на голема опасност од избувнување на пожари.

Поради многу високите температури, основните училишта се затворени низ цела Грција, а постои можност учебната година да заврши порано поради екстремните горештини за основците и предучилишната возраст. Според извештаите на локалните медиуми, во многу градинки и пониски одделенија од основните училишта наставата трае само до 11:30 часот.

Како што е најавено во северните делови на Грција, температурата ќе се движи од максимални 37 до 40 степени.

Во централна Грција и западниот Пелопонез максималната температура ќе достигне од 38 до 40 степени, а во Тесалија 41 до 42 степени, додека во источните делови живата во термометарот може да достигне и 43 степени.

Според најавите, на островите во источното Егејско Море температурата ќе достигне 39 степени, додека локално на Крит до 42 Целзиусови степени.

Во Атика во четврток максималната температура ќе достигне до 41 степен, додека во приморските предели температурата ќе биде пониска за 3 до 5 степени.

Во петок се очекува опаѓање на температурата во западните, централните и северните делови од земјата, додека во останатиот дел се уште ќе има многу високи температури.

Властите предупредија на опасност од пожари во регионот на Атика, Коринт, Лариса./Извор:Makfax