Centar.mk
СВЕТ

Итно подигнати авионите на НАТО, за да го заштитат воздушниот протстор на Полска, соопшти војската

Оперативната команда на полската војска објави дека полските и борбените авиони на НАТО се подигнати за да го заштитат воздушниот простор на земјата по извештаите за руски ракетни напади врз Украина.

Во своето соопштение за мрежата Икс, тие истакнаа дека се започнати сите потребни процедури за безбедност на полскиот воздушен простор.

Тие ги предупредија граѓаните дека нивото на бучава може да се зголеми во југоисточниот дел од земјата.

Светските медиуми потсетуваат дека руските сили во текот на ноќта и утрото извршија ракетни напади врз неколку украински региони, а гувернерот на Одесската област, Олех Кипер објави дека во пет часот по локално време одекнале експлозии во Одеса.

Воздухопловните сили на Украина предупредија на опасност од руските крстосувачки ракети и беспилотните летала Шахид, а предупредувањето за воздушна опасност беше широко активирано./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО БЕЛАТА КУЌА – Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот

ДЕСК

КАНАДА И АВСТРИЈА ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА – Безбедноста и економијата во фокусот на разговорите

ДЕСК

НОВ БРАН ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ЕВРОПА – Најмалку 18 летови погодени, активирани безбедносните служби

ДЕСК