Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СРЕЌНА ВЕСТ: Младиот Никола ја победи болеста

На фејсбук преку пост се огласи градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој ги информираше граѓаните дека младиот Никола ја победил болеста.

Во објавата, градоначалникот Бобан Стефковски напиша:

-Младиот Никола ја победи болеста.

Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.

Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.

Ова е победа на сите хумани луѓе!

Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа! – напиша Стефковски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +