До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено утре кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура
Прогноза за 13.06.2024
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=8
Прогноза за 14.06.2024
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. UV=7
Прогноза за 15.06.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=8