21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ГЕРМАНИЈА

Германија е во огромен проблем, опасноста е се поголема

Опасноста од исламистички терористички напади во Германија е значително поголема од претходните години, делумно и поради војната во Газа, се вели во информацијата на службата за заштита на уставот.

„Ризикот од џихадистички напад е поголем отколку што беше долго време“, изјави за ДПА претседателот на службата, Томас Халденванг.

Шефот на внатрешната разузнавачка служба наведе различни фактори кои го зголемуваат ризикот од терористички напади, вклучително и оние на радикализирани поединци. Една од нив е дека талибанците во Авганистан генерално ги поддржуваат џихадистичките идеи.

Палењето на Куранот во Скандинавија и израелската воена операција во Појасот Газа исто така придонесоа за „почнување на спиралата на радикализација“.

„Ситуацијата на Блискиот Исток по терористичкиот напад на Хамас е дефинитивно уште една причина за зајакнување на заканата од исламистичкиот тероризам.
Германија е повеќе во фокусот на џихадистите отколку другите европски земји, „затоа што нашата земја, заедно со САД, важи за еден од најважните поддржувачи на Израел“.

Тој рече и дека е тешко да се утврди која е најголемата безбедносна закана.

„Во моментов имаме три проблематични области – закана од исламистички тероризам, вжештената клима во општеството, пред се поради десничарскиот екстремизам кој ги вклучува исламофобијата и ксенофобијата, како и влијанието и шпионските активности на странските земји“, рече Халденванг.

Покрај тоа, расте и заканата од насилен, левичарски екстремизам.