Centar.mk
СВЕТ

Финска: Руски воен авион влезе на 2,5 километри во нашите граници

Руски воен авион рано утринава го нарушил финскиот воздушен простор, навлегувајќи околу 2,5 километри во финските граници, соопшти финското Министерство за одбрана.

„Нарушување на границите во траење од две минути се случи во Финскиот залив на истокот на земјата“, соопшти министерството.

„Сериозно го сфаќаме можното нарушување на територијата и веднаш започнавме истрага“, рече финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

Претходното нарушување на територијата од страна на руски авион се случи на 22 август, кога два борбени авиони влегоа во финскиот воздушен простор во Финскиот залив, соопшти министерството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +