Општина Илинден и оваа година продолжува со практиката на активно вклучување на граѓаните во процесот на подготовка на општинскиот буџет за 2027 година, овозможувајќи им директно да придонесат во планирањето на идните проекти и развојни приоритети.
Во периодот од 09 до 25 ноември 2026 година, граѓаните, здруженијата и правните лица ќе имаат можност да достават свои идеи, предлози и иницијативи насочени кон подобрување на квалитетот на животот и унапредување на локалната заедница.
Преку овој партиципативен пристап, Општина Илинден ја продолжува својата заложба за транспарентно, одговорно и отчетно управување со јавните средства, ставајќи ги потребите и приоритетите на граѓаните во центарот на буџетското планирање.
Сите заинтересирани можат да учествуваат со пополнување анкетниот прашалник, кој може да го достават електронски на ilinden@ilinden.gov.mk или лично во архивата на Општина Илинден, секој работен ден, најдоцна до 25 ноември 2026 година.
Пристигнатите предлози ќе бидат разгледани од надлежните општински служби, а оние што се во согласност со надлежностите на Општината и се финансиски и технички остварливи ќе бидат земени предвид при креирањето на буџетските програми за 2027 година.
Општина Илинден ги повикува сите граѓани активно да се вклучат и со своите предлози да придонесат за заедничко креирање на иднината на општината.


