Centar.mk
СВЕТ

Четири лица се повредени при пад на рингишпил во Лондон

Четири лица се повредени при пад на рингишпил на саемот во Лондон.

Инцидентот бил пријавен околу 18 часот и 20 минути по локално време.

– Просторот наоколу е безбеден, а саемот затворен. Се врши темелна истрага за да се утврдат причините за дефектот. Дополнителни безбедносни проверки се вршат на сите возења и атракции на саемот. На локацијата се поставени полициски кордони – рекоа надлежните.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека испратила „повеќе ресурси на местото на настанот, вклучително и четири екипи на брза помош и членови на нашиот тим за одговор на опасни области“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот министер по најавата за повлекување на американски трупи: Тоа беше очекувано

C +

Трамп: По Иран ќе испратиме носач пред Куба, ќе се предадат

C +

Трамп повлекува 5.000 американски војници од Германија

C +