Centar.mk
РЕГИОН

Падна дел од рингишпил во БиХ, повредени шест малолетни лица

Шест малолетници се повредени во Љубушкo, БиХ, при пад на дел од структурата на рингишпилот.

Во моментот на падот на вртелешката се наоѓале неколку лица, а како што пренесува порталот „hercegovina.info“, неколкумина од нив, претежно деца, со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

„Во несреќата се повредени шест малолетници, а за се е известен и дежурниот обвинител“, изјави Мила Чавар, портпарол на МУП на Владата на Западна Херцеговина.

Неколку повредени се пренесени во Ургентниот центар на Универзитетската клиничка болница во Мостар.

Се уште нема официјални информации за причините за несреќата, а истрагата е во тек./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА СВЕТОТ КУПУВА, ЕДНО БУГАРСКО СЕЛО ОРГАНИЗИРА РАЗМЕНА

ДЕСК

ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО БУГАРИЈА НА ПРОТЕСТ

ДЕСК

СИЛНАТА БУРА ЗАТВОРИ ПАТИШТА ВО ХРВАТСКА

ДЕСК