Австралија, Канада, Италија и Обединетото Кралство упатија заеднички повик до Израел веднаш да овозможи влез на 150.000 шатори и неопходна хуманитарна помош во Појасот Газа, пред дополнително влошување на зимските услови.
Министрите за надворешни работи предупредија дека неодамнешните поплави ја отежнале состојбата на цивилното население, а ограничувањата на граничните премини го попречуваат доставувањето материјали за засолништа и обновување.
Четирите држави оценуваат дека хуманитарната состојба може да се подобри со итно отстранување на пречките за испорака на помошта.


