Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бисера Костадиновска Стојчевска: Партиската математика на ВМРО им е поважна од тоа македонскиот јазик да биде прв официјален јазик

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук:

Партиската математика на ВМРО им е поважна од тоа македонскиот јазик да биде прв официјален јазик.
Тврдењето на очигледно лошо брифираниот колега од ВМРО-ДПМНЕ дека сум дала претставка до непостоечки инспекторат е уште една нивна лага упатена кон граѓаните.
Претставката преку архива уредно ја поднесов до Секторот за управен и инспекциски надзор при Министерство за култура, кое според Член 21 од Законот за македонски јазик го врши надзорот над спроведувањето на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш ништо не направиле за македонскиот јазик. Од тука нека не се изненадуваат граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ молчи на гафот на Гаши.
Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме после 18 години и сите механизми кои произлегуваат од ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ сега имаат можност да покажат барем еднаш дека се грижат за македонскиот јазик и негова правилна употреба.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК