16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ТРН: За прв пат од 1991 година Ромите немаат свој претставник во собранието

„Во триесет и трите години на самостојност, во македонското собрание имало 6 пратеници Роми: Фаик Абди, Амди Бајрам, Неждет Мустафа, Шабан Салиу, Самка Ибраимовски и Латифа Шиковска. Сите тие биле дел од коалиции со поголеми партии, од кои понекогаш се оттргнувале за време на мандатот,“ пишува во текстот на порталот Трн, осврнувајќи се на новата состојба во собранието каде нема претставник на Ромите.

Притоа ги наведува сите пратеници кои припаѓаат на ромската заедница, а биле дел од парламентарните состави изминатите децении.

„Од 1991 до 1994 година Партијата за целосна еманципација на Ромите е застапувана во парламентот од страна на Абди Фарик. Од 1994 до 1998, тој бил член на Партијата за целосна еманципација на Ромите, а потоа и независен пратеник. Од 1998 до 2002 година, Амди Бајрам од Сојузот на Ромите во Македонија е дел од парламентарното собрание. Во 2002 Неждет Мустафа од Обединета партија на Ромите од Македонија е во собраниските клупи до 2006 година. Во 2006 покрај него, во Собранието влегува и Шабан Салиу од Демократските сили на Ромите. Во 2008 година Амди Бајрам како дел од коалицијата на Сојузот на Ромите со ВМРО ДПМНЕ е преставник на Ромите во собранието до 2011 година, а потоа и до 2016 година како дел од истата коалиција. Од 2016 до 2020, Самка Ибраимовски од Партија за целосна еманципација е дел од собранискиот состав и колаицијата со СДСМ. Во истиот состав е и Амди Бајрам од Сојуз на Ромите од Македонија како дел од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ. Од 2020 до 2024 единствена претставничкана ромите во собранието е Латифа Шиковска од СДСМ. Во 2024 во собранието нема Роми,“ стои во текстот на Трн.

Како причина за ваквата состојба Трн анализира дека тоа е и начинот на кој се спроведуваат изборите кај нас, со шест изборни единици, кој е погубен за помалите политички ентитети, било да се мали политички партии или мали етнички заедници како што е ромската, но и лошиот статус на Ромите, кој исто така влијае на застапеноста во собранието.