Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

УХМР со вонредни најави за времето: Следува невреме, па голем пресврт

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени.

Прогноза за 30.05.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне, особено во источните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и изолирана појава на невреме.

Прогноза за 31.05.2024
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 01.06.2024
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК