12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шефот на полската дипломатија: Не ја исклучуваме можноста за испраќање војници во Украина

Полска не треба да ја исклучи можноста за испраќање сили во Украина, рече министерот за надворешни работи Радослав Сикорски во коментарите објавени денеска додека Киев се бори да го одбие рускиот напредок, но Сикорски не прецизира каква улога ќе имаат полските војници.

Иако сојузниците на Украина во НАТО ветија дека ќе ја снабдуваат земјата разурната од војна со пари и оружје онолку долго колку што е потребно, тие, генерално, ја отфрлија можноста за испраќање војници во земјата.

Запрашан во интервјуто дали Полска е подготвена да испрати сили во Украина, Сикорски рече: „Не треба да го отфрлиме тоа. Треба да оставиме рускиот претседател Владимир Путин да погодува за нашите намери“.

Интервјуто го објавија полската „Газета виброца“, италијанската „Ла Република“ и шпанскиот „Еп паис“.

Самиот Сикорски претходно изјави дека присуството на силите на НАТО во Украина „не е незамисливо“.

Вчера, врховниот командант на Украина рече дека потпишал документи со кои им овозможува на француските воени инструктори набргу да ги посетат украинските центри за обука./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +

Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

C +
error: Соддржината е заштитена.