21.8 C
Скопје
24. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Дамјановски-Циц: Би сакал да преовлада разумот и да не дозволиме да бидеме непотребно ветоизирани

„Влегуваме во една зона на неизвесност. Пред се, со несуштествени прашања, за овој момент. Може да има стагнација во нашиот евро интегративен процес. Би сакал да преовлада разумот и да се вклучиме, да не дозволиме да бидеме непотребно ветоизирани. Би посакал на Мицковски тоа да го преброди некаков начин и да се концентрира на главното прашање, кое му стои и како програмска определба,во решавање на бугарско – македонски државен договор, кој и да нема намера тоа да го направи ќе биде притиснат од неговите сестрински партии, кои според последните анализи ќе бидат победници и на овие еу-избори, “ посочи Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од СДСМ, на поткастот Политиканти на Слободен Печат, осврнувајќи се на ситуацијата со преговарачката рамка, неупотребата на уставното име на државата во време кога се очекуваат европски избори.