Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура нема значително да се менува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК