23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Успехот постигнат со ИПАРД 2 програмата преку целосно искористување на средстваата, нас како држава не направи лидери во регионот и земја која денес своето исуство го споделува со други држави.

Како земја лидер први во регионот започнавме со реализација на ИПАРД 3 програмата, распишувајќи го на 1 септември 2023 година првиот повик за мерките 1 и 7, и за многу кратко време од само неколку месеци, веќе ги гледаме првите резултати. Тоа се првите 44 договри што министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски ги доделија денеска, за мерките 1 и 7, односно 35 договори за мерката 1 и 9 договори за мерката 7.

„Со овие нови договори добиваме нови инвестиции во земјоделското производство со вкупна вредност од околу 30 милиони евра, пари што ќе остануваат дома. Поддршка со која се набавува нова механизација, ќе се развијат нови мали бизниси во рурални средини, ќе се вработат нови луѓе и сите ќе имаат голем бенефит. И инвеститорите и граѓаните и руралната заедница во која ќе никне нова табла дека инвестицијата е реализирана со поддршка на ЕУ и ИПАРД програмата“, истакна министерот Љупчо Николовски.

ИПАРД програмата е нашата гордост, наш историски успех. Толку голем што Европската комисија за 62% ја зголеми поддршката, како награда за нашата држава во успешната примена на ИПАРД програмата. Сега имаме на располагање 97 милиони евра европски средства, а вкупната програма што ја имаме на располагање достигнува над 200 милиони евра.

Со новата ИПАРД 3 програма предвидуваме и авансна исплата на 50% од поддршката, веднаш по потпишувањето на договорот, што е една новост која уште повеќе ќе ви помогне во реалзиација на вашата бизнис идеја, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски во своето обраќање изрази благодарност за добро завршена работа до директорот на АФПЗРР Бабовски, вработените во Платежната Агенција и секторот ИПАРД при министерството, за одлично менаџирање и доближување на ИПАРД програмата до секој заинтересиран корисник, постигнувајќи успех кој искрено од душа сакам да се повтори и со ИПАРД 3.

Честитајќи им на корисниците министерот Николовски им посака среќа и бериќет во во реализација на планираните бизнис идеи за кои е добиена поддршка од ИПАРД програмата, и тоа овде дома.