Centar.mk
СВЕТ

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои добија по стотици убоди

Израелските одбранбени сили соопштија дека 12 војници биле повредени кога биле нападнати од рој оси во јужниот дел на Појасот Газа.

ИДФ вели дека инцидентот се случил во петокот кога тенк ненамерно удрил во осарник, што ги вознемирило инсектите.

Војниците биле пренесени во медицинскиот центар „Шеба“ во Тел Хашомер, каде што еден е сместен на интензивна нега.

Од болницата велат дека никој не е во опасност.

„Војници со тенк згазнаа на осарник. Осите искасаа 11 војници, кои беа евакуирани за да добијат медицинска помош“, соопшти ИДФ.

Инцидентот во Појасот Газа се случи за време на операција предводена од Јужната бригада во пограничниот регион спроти заедницата Нирим во Израел.

Од Медицинскиот центар „Шеба“ наведуваат дека некои од војниците имале и до сто убодни рани и дека тоа е ситуација со која медицинските работници досега не се соочиле./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +