22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина го смени командантот на Харков

Украинскиот командант одговорен за североисточната линија на фронтот во Харков беше сменет за време на руската офанзива, изјави во понеделникот воен портпарол.

Сменет е Јуриј Галушкин, кој од април годинава беше на чело на Харков, а на негово место дојде Михаил Драпатиј, беше објавено, а причините за оваа одлука не се наведени.

Руските сили постигнаа значителни придобивки долж границата во регионот Харков во последните денови.

Украинската армијa претходно денес призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков./Извор:Makfax