Centar.mk
СВЕТ

Арапските земји бесни на Иран

По ноќниот ирански ракетен напад врз Кувајт и Бахреин, во кој загинало едно лице, а над 60 се повредени, на Блискиот Исток избувна силна дипломатска криза.

Кувајт, Бахреин и повеќе арапски држави остро го осудија нападот, наведувајќи дека биле погодени цивилни и витални објекти, како и дипломатска мисија. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија го нарекоа нападот „терористички чин“ и тешко кршење на меѓународното право.

Осуди пристигнаа и од Катар, Јордан, Јемен и Либан, при што повеќето држави предупредија дека ваквите акции ја зголемуваат нестабилноста во регионот и претставуваат директно кршење на суверенитетот на државите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ПОЛСКА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА – Туск најавува продолжување на реформите во Уставниот суд

ДЕСК

МОЖНИ НОВИ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА – Зеленски спомена период од 6 до 10 ноември

ДЕСК

МЛАДИТЕ НИЗ ЕВРОПА ИЗЛЕГУВААТ НА УЛИЦИТЕ – Скапите станови, платите и образованието предизвикуваат незадоволство

ДЕСК