Centar.mk
СВЕТ

Пит бул искасал двегодишно девојче: лекарите се борат за нејзиниот живот во Милано

Двегодишно девојче и нејзината тетка(25) се тешко повредени кога пит бул ги нападнал во стан во Милано.

Во моментот на нападот девојчето си играло со својата сестра близначка кога кучето ненадејно го нападнало. Тетката, која ги чувала, скокнала меѓу детето и животното, но и самата добила тешки повреди.

Тетката ги спасила децата од сигурна смрт така што ги ставила во собата и ја затворила вратата, а потоа толку тешко повредена излегла на терасата и се качила на олукот за животното да не може повторно да стигне до неа.

Набргу на самото место пристигнале полициски екипи, но во моментот кога влегле во станот, кучето било мирно и се однесувало како ништо да не се случило пред неколку минути.

Полицајците го врзале животното и се погрижиле повеќе да не нападне никого, а потоа медицинските екипи го згрижиле детето, кое со хеликоптер било пренесено во болница и чиј живот е во опасност. Другото девојче не е повредено, а тетката од олукот ја симнале пожарникарите. Таа исто така била пренесена во болница со многу сериозни повреди на рацете./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +