Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

На бензинска платил со лажни евра – вработена го пријавила случајот

На 12.05.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Виница, вработена во бензинска пумпа Виница пријавила дека околу 10.00 часот на бензинската пумпа Ѓ.Ѓ.(63) од с.Бигла, делчевско, ѝ платил со сомнителна банкнота од 50 евра. Истиот ден, по преземени мерки и активности, а по добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ѓ.Ѓ., при што била пронајдена една сомнителна банкнота од 50 евра, соопшти МВР.

Во координација со надлежен јавен обвинител двете банкноти биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +