22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!

Фб статус на Оливер Спасовски:

Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години.

Направивме многу како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, за што искрено се заблагодарувам до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап. Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба!

Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели.

Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите.

СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК