Centar.mk
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановски: Се плашам дека со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор на врат ќе си ја ставиме и Грција покрај Бугарија

„Во првите 100 дена од Владата очекувам некои први индиции на тоа каква политика ќе води новата влада. Јас се плашам и гледам како Грција, односно Неа Демократија, го следи развојот на настаните кај нас, со оглед на тоа што ги чекаат Европските избори. Ја чекаат инагурацијата на Сиљановска да чујат дали ќе го користи уставното име или само Македонија“ рече новинарот Борјан Јовановски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека доколку не се користи уставното име на државата во официјални настапи, Грција тоа е го смета како негација на Преспанскиот договор.

„Тоа може да направи уште еден непријател во ЕУ и дополнително ќе ги искомпликува и малкуте шанси со Бугарија да се најде некакво решение за да се премостат некои ситуации, како што ВМРО сака да го направи“ рече Јовановски.

Аналитичарот Сашо Ордановски додаде дека не верува оти ВМРО-ДПМНЕ ќе си дозволи такви грешки, бидејќи прениски се критериумите за исополнување на користењето на уставното име.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК