Centar.mk
СВЕТ

Хамас: Ние сакаме вистински договор, а Нетанјаху сака војната да продолжи

Хамас сака смиреност и вистински договор за прекин на огнот во Газа, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака војната да продолжи, изјави високиот функционер на Хамас, Калил ал Хаја.

„Хамас не ги суспендираше ниту се повлече од преговорите (примирјето), окупацијата се сврте против предлогот на посредникот“, изјави Ал Хаја за телевизијата Ал Араби во петокот.

Палестинска милитантна група претходно во петокот изјави дека напорите за договор за прекин на огнот во Појасот Газа се вратиле на почетокот откако Израел го отфрли предлогот на меѓународните посредници.

Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европски извештај: Политиките на Трамп се самоубиство на суперсила

C +

Професор од Киев: Украина не е подготвена за отстапки

C +

Руски дронови погодија станбени згради во Украина, меѓу загинатите мајка и дете

C +