Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДАЛА 450 ЕВРА ЗА МЕБЕЛ, ПО ДВА МЕСЕЦА НИТУ МЕБЕЛ НИТУ ПАРИ – 50-годишна жена од Тетовско пријавила измама

На 16.11.2026 во 12:40 часот во СВР Тетово, 50-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од лице од тетовско, сопственик на фабрика и салон за мебел во истото село, за сума од 450 евра.

Според пријавеното, пред околу два месеци се договорила со лицето да ѝ изработи мебел, при што му ги дала парите. До денот на пријавувањето, тој со разни изговори не го испорачал мебелот ниту ѝ ги вратил парите, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

ДЕСК

ГО ОСТАВИЛ „МЕРЦЕДЕСОТ“ НА ПОПРАВКА, ПА НЕ ГИ НАШОЛ НИТУ АВТОМОБИЛОТ НИТУ МАЈСТОРОТ – 69-годишник од Гостиварско пријавил измама од 350 евра

ДЕСК

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

ДЕСК