Centar.mk
СВЕТ

Лукашенко: Следува нуклеарна апокалипса, третата светска војна мора да се спречи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не треба да се дозволи да избие трета светска војна, бидејќи во спротивно нуклеарна апокалипса е неизбежна.

„Треба да направиме се за да ја спречиме третата светска војна. Во спротивно, нуклеарна апокалипса е неизбежна. Затоа сите треба да се обединиме“, рече Лукашенко на церемонијата на положување цвеќе на Споменикот на победата како дел од патриотската кампања „Белорусија се сеќава“ во Минск.

Тој посочи дека човештвото веќе еднаш во својата историја успеа да се обедини против општото зло, што доведе до победа.

Во исто време, Лукашенко додаде дека колективниот Запад, исто како и пред почетокот на Втората светска војна, е подготвен да се реши од секое зло заради зачувување на доминацијата и личниот профит.

По повод заедничките воени вежби меѓу Москва и Минск за употреба на тактичко нуклеарно оружје, Лукашенко изјави дека Русија и Белорусија немаат намера никого да нападнат.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Белорусија ќе и се придружи на Русија во втората фаза од вежбите за тестирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МОСКВА ПОСТАВУВА УСЛОВ ЗА СРЕДБА ПУТИН–ЗЕЛЕНСКИ: Лавров бара украинскиот претседател да допатува во Русија

ДЕСК

ИРАНСКАТА ВОЈСКА ДОБИ НАРЕДБА ЗА ПОДГОТВЕНОСТ: Техеран предупредува на силен одговор при нови закани

ДЕСК

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЈА ЗАФАТИЈА ФРАНЦИЈА: Граѓаните бараат промени поради високите трошоци за живот

ДЕСК