На 22.11.2026 во 16:00 часот на Граничниот премин Меџитлија, на влез во државата, полициски службеници приведоа 58-годишник од Италија.
При гранични проверки и контрола кај него биле пронајдени 50 куршуми калибар 12 мм за ловечко оружје.
Муницијата била одземена, за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба лицето било предадено во Основен суд Битола за понатамошна постапка.


