Centar.mk
РЕГИОН

300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.

Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.

– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија./Извор: Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +