„СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ, “ истакнува првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во видео обраќање до граѓаните на неговата ФБ страна.
Маричиќ понатаму посочува дека со отворањето на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, Македонија ќе влезе во финиширање на промените кои што носат европски стандарди и европски квалитет на живот.
„Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници. Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и активна борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме ни преговорите, со помош од ЕУ,“ вели Маричиќ.
Тој истакнува дека отворањето на поглавјата значи и отворање на нови фондови на ЕУ за подобрување на животот на граѓаните. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.
„До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија. За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години,“ вели Маричиќ.
Тој посочува дека сезависи од граѓаните. Како и дека сега е потребно да се даде глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.