3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Кина овде доаѓа за разлика од Русија со економски иницијативи, не доаѓаат со шпиони и со хибридни закани

„Србија има сосема поинаква геостратешка позиција, зашто Србија не е членка на НАТО. Србија во 2008 година декларираше воена неутралност и тие не можат да се однесуваат понаку во безбедносниот аспект. Ставот на српскиот претседател е дека никогаш нема да влезат во ЕУ, бидејќи ЕУ наводно не ги сака, и мора да кокетираат со другите организации. Кина кај нас е слабо присутна, меѓутоа Кина овде доаѓа за разлика од Русија со економски иницијативи, зад кои најверојатно се кријат и политички пораки, и вредности кои тие ги негуваат, не доаѓаат со шпиони, со хибридни закани како руската федерација,“ рече претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во дуелот со неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова, на ТВ Телма, во врска со индиректното влијание на Кина во земјава, со оглед дека е најавена посета на кинескиот претседател на Србија и можната покана за Србија за приклучување кон БРИКС.

Во однос на конфликтот Израел –Палестина, и кој ја има нашата поддршка, тој посочи дека Макеодонија ќе ги има тие ефекти со оглед на тоа дека имаме и муслиманско население кое реагира на одреден начин, протести од двете страни, зошто онака или вака сме постапиле.

„Ние во однос на Израел мора да ја следиме политиката на НАТО и ЕУ, во делот на нивната надворешна политика. Меѓутоа уште од првиот ден, направивме две работи, јас со соопштение и ставови дека Израел има право да се брани и дека тоа беше терористички чин на Хамас, меѓутоа Израел не смее да употребува диспропорционална сила и не смеат да страдаат цивили , а страдаат,“ посочи Пендаровски.