Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

УТРОВО САМО 1 СТЕПЕН ВО ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА: Денес сончево и посвежо, до 24 степени

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе бидат значително пониски и ќе се движат приближно од 1 до 10 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 15 до 24 степени.
Најсвежо ќе биде во повисоките и западните предели, каде дневните температури ќе останат околу 15 до 19 степени. Потопло ќе биде во јужните и југоисточните делови, каде максималната температура ќе се искачи до околу 23–24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

ДЕСК