Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопшти МВР.

При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК