Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заев: После 30 години станавме членка на НАТО и дадовме придонес кон безбедноста на Балканот

„После 30 години ги исполнивме двете најголеми стратешки цели. Станавме членка на НАТО, за нас тоа значи безбедност и стабилност на овој мултиетнички Балкан, а втората цел беше почеток на преговори со ЕУ. Тоа за нас значи повеќе демократија, повеќе слобода, повеќе вредности што го очекуваа нашите граѓани, а ние продолжуваме во оваа насока, дека работиме добро во следните 3 години од 1-ви јуни 2017 година до 15 јули 2020 година каде што заврши мандатот за новата влада што ја водев јас, победивме и на следните избори во 2020 година, а јас подготвувам нова влада од 1 септември 2020 година“,рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.

Тој додаде дека со СДСМ, се менува земјата целосно.

„По поразот на локалните избори во 2021 година дадов оставка затоа што тоа е демократски начин, некој треба да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да бидат одговорни“, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК