23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Издавање на станови за време на првомајските празници

Издавање на станови во Македонија

Издавањето на станови во Македонија станува прилично профитабилен и стабилен бизнис како за приватни лица така и за агенции кои се насочени во таа сфера. При анкетирањето на многу испитаници во изјавите на тема “Цени на станови за издавање” се доаѓа до заклучок дека становите кои се издаваат од агенции се со делумно повисока цена за разлика од становите кои се издаваат од приватни лица. Но разликата на цена има своја улога и позитивни и негативни страни. За огромниот број на луѓе кои бараат сместување, било за краткорочен или долгорочен престој, изборот помеѓу агенција за изнајмување на станови и приватни лица кои изнајмуваат свои имоти може да биде предизвикувачки. Со текот на времето во Македонија се повеќе расте потребата за удобно, сигурно и високо квалитетно сместување. Сепак, разликите меѓу агенциите за изнајмување на станови и приватните изнајмувачи се важни, бидејќи секоја од опциите има свои предности и предизвици.

Позитивни страни за лицата кои бараат станови за издавање од агенции за недвижности

  • Поголема сигурност.
  • Подобро објаснети услови, детално и концизно со договор.
  • Плаќање по легални и службени патишта.

 

Негативни страни за лицата кои бараат станови за издавање од агенции за недвижности

  • Скоро и никоја агенција не издава станови за еден ден
  • Издавањето се одвива исклучиво за 1 недела или подолг период.
  • Делумно повисока цена од индивидуалните изнајмувачи на станови

 

Изнајмување на станови во поголемите Македонски градови

Изнајмување на станови во Скопје

Главниот град на Македонија, Скопје е едно од топ 3 места каде што има најголема побарувачка за изнајмување на станови за краток и на подолг период. Причината за таа заинтересираност е големата понуда на работни позиции која ја нуди Скопје како метропола, голем број на манифестации, концерти и секако побарувачката од студенти кои се најактивни во периодот од септември до јуни.

Цените во Скопје се делумно повисоки во однос на другите градови бидејќи со секоја предност и позитивна работа од Вашиот престој допринесува за зголемување на цените. Тие се движат од 250 евра па до 500 евра месечно и повеќе во зависност од луксузот кој што можете да си го дозволите.

Изнајмување на станови во Охрид

Главната туристичка дестинација во Македонија за летниот период и за првомајските празници е Охрид со Охридското езеро и многубројните знаменитости кои се атрактивни за странските, но и за нашите туристи. Во Охрид покрај долгорочното изнајмување попознато е краткорочното изнајмување од 10-15 дена од страна на туристите.

Цените во Охрид во споредба со Преспа и Дојран се делумно повисоки и претежно се однесуваат на дневна база. Тие се движат од 25 евра па нагоре во зависност од луксузот, близината на езерото, поглед и многу други фактори.

 

Изнајмување на апартмани / соби во Маврово

Една од најатрактивните дестинации во Македонија е и Маврово. Место каде што имате спокој и мир, како и природа и убавина да избегнете барем на одреден период од градските метежи и загаден воздух. Најатрактивен период за Маврово е нормално зимскиот период со снежните пејзажи, но не треба да се исклучи можноста и за одмор во пролетниот дел за време на првомајските празници каде што изобилува убавината на природата и нејзиното зеленило.

Цените за изнајмување се движат од 20 евра на ден па нагоре во зависност од услугите, позицијата и луксузот во самиот апартман.