Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МОН: наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја, соопшти Министерството за образование и наука.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +