22.8 C
Скопје
25. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Државната изборна комисија преку едукативната и информативна кампања – „Ти си на ред“, поттикнува поголема излезност на Претседателските и Парламентарните избори и упатува апел кон сите гласачи, дека и во двата изборни циклуси, нивните лични гласачки права се загарантирани.

За претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Програма за поддршка на изборите на Владата на Швајцарија спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, (International Foundation for Electoral Systems – IFES) ја поддржува кампањата на Државната изборна комисија „Ти си на ред“, со цел едукативните и информативните материјали да стигнат поблиску до населението од руралните средини, како и до маргинализираните групи.

Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата, а истиот започна од минатата седмица и досега ги посети општините Штип, Конче, Струмица, Куманово, Студеничани, како и Скопје и тоа во општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар.
Караванот продолжува и во другите општини и рурални средини меѓу кои и Старо Нагоричане (24.04.2024), Тетово, Теарце, Пласница (29.04.2024), како и Битола и Градско (30.04.2024).

ДИК во склоп на самиот караван, преку споделениот едукативен материјал за гласачките права на гласачите, за претстојните Парламентарни и Претседателски избори, ги едуцира граѓаните и за двата изборни циклуси.

Од Државната изборна комисија ги потсетуваат сите гласачи дека на Претседателските избори во среда (24.04.2024), потребно е со себе да носат документ за лична идентификација – важечка лична карта или пасош, односно лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.

Гласачите имаат можност да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк: https://www.izbirackispisok.gov.mk/.