Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Среќен роденден СДСМ, 33 години одговорно, трезвено и одлучно, продолжуваме да градиме општество на солидарност со грижа за секого

„33 години одговорно, трезвено и одлучно, наспроти сите опструкции и препреки. 33 години со јасен став и со посветеност за државата да оди напред.Ги слушаме и ги разбираме граѓаните, постапуваме и ќе продолжиме да чекориме кон економска сигурност и подобар животен стандард. Заедно градиме општество на солидарност со грижа за секого. Така го личи СДСМ,“ порачува секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ, во видео честитката по повод роденденот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Тој понатаму вели дека СДСМ е горда за сите демократските исчекори кои Македонија ги направила изминативе години со водство на СДСМ.
„Историјата запиша, Македонците ќе паметат: СДСМ ги заштити македонскиот јазик, култура и идентитет.Со визионерство и државничка гордост го обезбедивме членството во НАТО. Најдоцна до 2030 години ќе станеме членка на ЕУ,“ порачува Маричиќ.
Тој на крајот истакнува дека СДСМ никогаш не се откажува и дека нема откажување од европската иднина.
„Среќен роденден СДСМ,“ вели Маричиќ во честитката до СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Скопски полицаец уапсен за изнуда

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

ДЕСК

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

C +