Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: На 8 мај изборот не е само помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, одлучуваме помеѓу надеж и безнадежност

„На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Не. На 8-ми мај, а и сега во среда, одлучуваме помеѓу надеж за подобра и просперитетна иднина во ЕУ и безнадежност, очај и враќање во мрачните времиња кога со Македонија царуваше менторот на Мицкоски – Никола Груевски“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.

Тој додаде дека правото на глас е највредниот симбол на демократиајта и важно е кому ќе се даде правото да ја води државата.

„За три дена ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Овој прв круг е еднакво важен, како и вториот круг на 8-ми мај. На овој прв круг треба да има покажеме на сите дека граѓаните на Македонија сакаат подобра и посветла иднина во Европа. Мора силно и гласно да пратиме порака“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, додаде дека треба да се прати порака дека идниот претседател е Стево Пендаровски, кој исто како и СДСМ не се откажува од европската иднина на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК