Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Ќе работиме ден и ноќ за да изградиме држава со која сите ќе се гордееме и која ќе биде во ЕУ до 2030 година

„Спремни сме да работиме ден и ноќ за да изградиме држава со која сите ќе се гордееме. Држава која ќе се почитуваат европските стандарди и вредности. Држава која до 2030 година ќе стане дел од ЕУ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје претставувајќи ги носителите и коносителите на изборните листи на Коалицијата за европска иднина.

Тој додаде дека СДСМ и Коалицијата нудат јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода на медиуми.

„Во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +