Centar.mk
-ВОЈНА ВО УКРАИНАМАКЕДОНИЈА

СОМНИТЕЛНА ПРИКОЛКА НА ТАБАНОВЦЕ – Полицијата го открила проблемот со ВИН-бројот, приведен 25-годишен Албанец

На 12.11.2026 во 14:34 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 25-годишен државјанин на Република Албанија.

При гранична контрола и проверка на товарното возило „волво“ со приколка „кроне“ со албански национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека ВИН-бројот на приколката не постои на местото каде што е предвидено според фабричката оригиналност.

По консултација со јавен обвинител, приколката е одземена, а лицето е задржано во СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕГО НАБАВИЛЕ МАРИХУАНА, ПА ГИ ПРОНАШЛА ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 22-годишен битолчанец

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО СКОПЈЕ – Трактор сам се придвижил и прегазил 67-годишен маж, починал во болница

ДЕСК

БУРНА НОЌ ЗА СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА – Петмина лишени од слобода

ДЕСК