СВР Битола поднесе кривична пријава против 22-годишен жител на Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 15.05.2025 и 18.09.2025, полициски службеници извршиле преглед кај две лица, при што била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот.


