Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Граѓаните сакаат систем за сите, закони за сите, ред, поредок, безбедна и чиста околина – тоа е можно само со членство во ЕУ

„Граѓаните бараат систем за сите, сакаат законите да важат за сите, сакаат исто правила за сите, сакаат ред и поредок, сакаат стандард, но и безбедна, чиста и стабилна околина. И за тоа да се случи, нема друг начин, нема волшебни решенија! Има само еден начин! Македонија мора да стане држава со европски стандард, европски вредности и европски правила на игра“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.

Тој додаде дека со членството во ЕУ, со помошта на Унијата, помошта на САД и нашите сојузници можеме да се подобриме и да г о искористиме нашиот национален потенцијал, знаење и енергија.

„Македонија има многу знаење, Македонија има многу голема сила и енергија дома! За таа цел, ја креиравме програмата за за европска иднина. Прецизна, јасна, реална, остварлива, креирана да ја крене таа енергија и македонско знаење! Ве уверувам, нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека мора да продолжиме да се бориме, да ја менуваме Македонија да стане европска држава.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +