Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Македонските државни компании ќе ги отстапиме на граѓаните, тие да се сопственици

„Во интерес на граѓаните, носиме голема и крупна промена. Македонските државни компании ќе ги отстапиме на граѓаните, за тие да станат сопственици. Започнуваме со државните енергетски компании“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.

Тој додаде дека буквално секој граѓанин ќе добие акции и ќе има глас во управувањето на овие компании.

„100 процентно ќе го зголемиме инсталираниот капацитет за енергија од обновливи извори. Во 2028 година, сакаме да постигнеме целосна енергетска независнот и да не зависиме од увоз“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека неговата партија има план за обезбедување на чиста и зелена Македонија, преку затворање на сите диви и нестандардни депонии, забрана за изградба на мали хидроцентрални во заштитени подрачја и Национални паркови и дислокација на сите загадувачи од големите градски центри.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК