Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Конески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарните, нула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги

ДЕСК

Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи

ДЕСК

Во Собранието одржана јавна расправа за Законот за органите на државната управа

ДЕСК